Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, изјави оти е подготвен да испише историја во дресот на каталонскиот клуб каде дојде ова лето од Баерн Минхен за сума од 50 милиони евра.

– Подготвен сум да биде дел од овој клуб со богата историја, да испишам нови историски страници и освојувам трофеи, им изјави Левандовски на новинарите во Мајами каде Барселона се наоѓа на претсезонска турнеја.

Барселона во средата го совлада Интер од Мајами со 6-0, а во рамки на американската турнеја претстојат и натпревари против Реал Мадрид во Лас Вегас, против Јувентус во Далас и против Њујорк во Њу Џерси.