Цената на природниот гас во Европа денеска се намали за 5,05 отсто, покажуваат податоците на Лондонската берза ИЦЕ.

Гасот за испорака во ноември во центарот ТТФ во Холандија се тргуваат по 148,23 евра за мегават час или за околу 1.440 долари за 1.000 кубни метри. Утрово берзата беше отворена на 148,25 евра за мегават час, потоа забележа пад на 144 евра за мегават час, по што цената се врати и достигна 166 евра за мегават час.

Во петокот вечерта берзата затвори со цени од 156,21 евро за мегават час, околу 1.520 долари за 1.000 кубни метри.

Податоците од берзата укажуваат дека од 28 септември до сега е забележан тренд на постепено намалување на цената на природниот гас во Европа. Цената на гасот својот максимум го забележа на 26 август – 346,52 евра за мегават час или околу 3.500 долари за 1.000 кубни метри.