Повеќе од 400 навивачи на Вардар ќе има на трибините во Келн за време на завршниот турнир во Лигата на шампионите на 1 и 2 јуни.
– Сите билети што клубот ги доби за своите навивачи е веќе распродаден. Нашите навивачи ќе бидат сместени во секторот 218, а искрено се надеваме дека многу повеќе навивачи ќе има со обележја на Вардар бидејќи има најави за повеќе наши навивачи кои индивидуално купиле билети за овие средби, соопшти РК Вардар.
Натпреварите од полуфиналето на Ф4 се играат на 1 јуни. Во терминот од 15:15 часот ќе играат Веспрем и Кјелце, а од 18 часот играат Вардар и Барселона.
Победниците од средбите в недела на 2 јуни ќе играат во финалето од 18 часот. Претходно се игра натпреварот за трето место од 15:15 часот.