Во Осиек, во организација на Македонците во Република Хрватска денеска ќе се одржи културната манифестација „22. Денови на Браќата Миладиновци“.

Во рамки на манифестацијата, како што информираат организаторите, ќе се одржи и работилница на тема „Чувари на шумите“, на која илустратор ќе биде Ване Костуранов од Струмица.

Покровители на манифестацијата се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Град Осиек, Водовод Осиeк д.о.о.