Пословици од Дебарско 

Кога дојде умот – си појде кумот.
Череп гранче прекаруат.
Кокошката пиет вода и нагоре се пулит.
Сатрадна мајка за келевего сина.
Слатко и благо крваво излагат.
Преврна дождот – не треба клашенчето.
Господи брани од голи дебрани.

Свој своего не жалит, тешко кој го немат.
На туѓо бунишче не прави се петел.
Тумба, тумба за три дни, ох леле за се дни.
Дала баба една пара за да се фатит на орото, после давала две за да ја пушчат, ама не ја пушчале.
Денешната работа не оставај ја за утре.
Крушата под круша паѓат.
Остави еден бувни други.
Говорам ти ќерко, дошикај се снао.
Кому мајка, кому мошчеа.

Не учи старци да макает јајца.
Од трендафил – трн, од трн – трендафил.
Црвен како гостиварски питач.
В’лкот не чуват пастрма.
Криво седи право зборви.
Имаш пара имаш фара (род).
Страв бранит грав.
Еден јадет киселото, други берет оскомината.
Кој правит палица за својата главица.
Помина зимата – што ти требет гуњата.

Фрли глиста – фати јогула.
Или опули се или ќе те опулит.
Види го ракот, посакај му сокот.
Не те има за црни очи.
Од маста аир немаш, а не од изварокот.
Близната рж е поблага од пченицата.
Болест душа не изваѓат.
Село горит, баба се чешлат.
Итрата лисица со двете нози во стопица.
Не умри ми магаренце, до зелена тревица.

Што си дробил, това ќе сркаш.
Во скината вреќа жито не турувај.
Ни лук јал, ни лук мирисал.
Нов бунар копај, во стариот не плукај.
Можила се мома, да не седит дома.
Голем касај косни, голем збор не речи.
Коде ет сила, правина немат.
Коде одит в’лче, се камен го т’лче.
Ветво крпи конци губи.
Старо љуби, ноќ губи.

Брзоговорки од Дебарско

1. Пих вода под пукнат камен, јадох леб над пукнат камењ. Пих вода под пукнат камен, јадох леб над пукнат камењ. Пих вода под пукнат камен, јадох леб над пукнат камењ.
2. Каче сирењарче, каче удрењарче. Каче сирењарче, каче удрењарче. Каче сирењарче, каче удрењарче.
3. Поминае брдилари, стар брдилар не помина. Поминае брдилари, стар брдилар не помина.
4. Расол лош расол. Расол лош расол. Расол лош расол.
5. Изедох три пити, три погачи за мајкина ми пизма. Изедох три пити, три погачи за мајкина ми пизма.
6. Сач шут сач. Сач шут сач. Сач шут сач.

Од записите на Васил Икономов.(Подготви Марко Китевски)