Манчестер Сити не планира да го продаде своето крило Лерој Сане за помалку од 150 милиони евра, објави „Зидојче Цајтунг“.

Раководството на „граѓаните“ ја поставило оваа цена поради трансферот на Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико за 126 милиони евра.

Сити е на мислење дека 23-годишниот Германец има предност пред Португалецот заради неговото искуство во топ тим, а исто така толку голема сума е соодветна според сегашните услови на пазарот.

Кандидат за Сане е Баерн Минхен, но е подготвен да му плати на Манчестер Сити „само“ 100 милиони евра. Крилниот играч премина во англискиот тим летото 2016 година од Шалке за 50,5 милиони евра.

Минатата сезона тој учествуваше на 47 натпревари, постигнувајќи 16 голови и 18 асистенции за тимот. Договорот на Сане е до 30 јуни 2021 година.