Патрик Красијус вчера отвори оган во продавница на „Волмарт“ во градот Ел Пасо при што уби 20 и повреди 26 луѓе.

По инцидентот 21-годишниот Красијус е уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо.

Американската полиција соопшти дека убиствата најверојатно се извршени поради омраза. Красијус 20 минути пред нападот поставил на интернет документ во кој ги обвинува Латиноамериканците и Американците од првата генерација за одземање на работните места и за мешање на културите во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека во Ел Пасо се случила „ужасна престрелка“.

Ел Пасо има 680.000 жители и се наоѓа во западен Тексас на границата со Мексико.

Нов напад: Во Дејтон убиени најмалку 10 лица

Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент во кој загинаа најмалку 10 луѓе.

Според американските медиуми се уште не е познат бројот на повредените лица.

Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт“.