Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.

По завршувањето на настанот е превдидена и посета на спомен-собата на Мисирков.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

Меѓународниот семинар при УКИМ има единаесет Лекторати по македонски јазик, литература и култура во Турција (Инстанбул), Унгарија (Будимпешта), Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Романија (Букурешт), Франција (Париз), Пекинг (Народна Република Кина) и Тирана (Р Албанија).

Меѓународен ден на мајчиниот јазик е ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година.

Фото: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Меѓународен семинар за македонски јазик