Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ги договори условите за новиот личен договор со клубот. Ова го објави на Твитер новинарот Николо Шира.
– Договорот е завршен и потврден. Меси ги договори условите за продолжување на неговиот личен договор со Барселона. Лео и Барса се приказна која никогаш не завршува, напиша Скира.
Претходно беше објавено дека Каталонците ќе му понудат десетгодишен договор на Меси, според кој напаѓачот ќе игра за Барселона до 2023 година, потоа ќе замине во клубот МЛС Интер Мајами, а потоа ќе заземе административна позиција во Барса. Во првите четири години, шесткратниот освојувач на Златна топка ќе заработи 240 милиони евра.
Триесет и тригодишниот Аргентинец игра за Барселона од 2005 година. Во сезоната што заврши, тој постигна 38 гола и забележа 14 асистенции на 47 натпревари.