МИЦКОСКИ: Има многу функционери паразити со високи плати, кои не работат ништо, ние ќе направиме систем на вредности во Македонија

/ 18.11.2022

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ во Радио Лидер вели дека во државата има многу функционери паразити кои земаат високи плати, а не работат ништо, потенцирајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени на начин на кој ќе се направи систем на вредности во општеството.

– Треба да се направи систем на вредности во општеството кое што функционира од From the bottom to the top, односно од дното практично нагоре, оние кои што се неквалификувани па се најквалификуваните. И сега ние треба да видиме да земеме пример како тоа функционира во развиените земји затоа што ние се стремиме да одиме таму, рече тој.

Претседателот Мицкоски нагласи дека мора да има плата по учинок, односно како пример го зема образованието за кој рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во програмата ќе предложи примања за високото образование на наставно образовниот кадар да биде по два критериуми, едниот оној фиксниот и вториот е по научен придонес, односно доколку некој објави научен труд во часопис со фактор на влијание, државата следната година ќе му овозможи уште едно примање во висина колку неговата месечна плата.

– Јас имам искуство како тоа функционира и не треба ние топла вода да измислуваме, само треба тоа да го направиме кај нас и ако тоа ние го направиме јас сум сигурен дека нема да бидат ваквите ликови како бели мечки заштитени, нема да бидат ваквите ликови луѓе кои што се расфрлаат со неодговорни изјави, туку ќе може поинаку да функционираат. Ние да речеме во нашата програма, повторно ќе се вратам на образованието во 2020 година, а тоа сега ќе го надградиме за следните избори и ќе го прошириме предвидовме примања за високото образование на наставно образовниот кадар да биде по два критериуми. Едниот е фиксниот надомест поради образовната дејност која што ја врши секој од нив, а вториот е поради научниот придонес. Ако некој успее да објави оваа година два труда во часопис со фактор на влијание, добива следната година двојна плата, ако сега државата за редовен професор одвојувала да речеме 38.000 денари, следната година ќе зема 76.000 денари само од државата затоа што објавил трудови во часопис и со фактор на влијание. Тоа значи место погоре на Шангајската листа, кога вие имате место погоре тогаш станувате атрактивни и за светски умови, истакна Мицкоски.


Од истата категорија