Пред малку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштил лидерската средба во Клубот на пратенците не гледајќи смисла да присуствува во таков состав (Лиле Поповска, Тито Петковски, Горан Милевски и слични маргинални групички) и со агенда на која не се зборува за главните прашања.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бараат нова лидерска со присутсво на само четири партии (СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ушт една албанска партија) на која ќе се разговара за клучните прашања.

Коалицинониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ (или подобро кажано екс коалициониот партнер), Социјалистичката партија на Ѕинго, останала на средбата.

Средбата започна околу 18 и 45 минути, а Мицкоски издржал еден час.

-ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таканаречената средба овде во Клубот на пратеници, заедно со претседателите на повеќе политички партии. Навистина за нас не беше јасен концептот зошто сите политички парламентарни партии не се застапени на овој состанок и добивме објаснување кое навистина не можевме да го прифатиме во стилот во кој ни беше објаснето, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека како партија изразиле сериозен револт и негодување на, како што рече, девијантното однесување на владини претставници и парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден.

-На неделовнички начин, на начин кој досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се усвои потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициона партија, а се со цел да се намали бројот на потребни пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 81 на 61 пратеник. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт по ваквото однесување, ги кажавме причините поради кои го напуштаме овој состанок на парламентарните политички партии кои беа поканети, им се извинуваме во наше име на сите парламентарни партии кои не беа дел од овој состанок, навистина не бевме во можност да делуваме и во нивно име протестираме, нагласи Мицкоски.

Тој го Заев во најскоро време, во текот на утрешниот ден, не подоцна од понеделник да организира лидерска средба во формат кој не би надминал повеќе од четворица.

-Како што беше праксата и до сега, односно најголемата политичка партија која ја сочинува владата, најголемата политичка партија на Албанците во Република Македонија која е коалиционен партнер во владата, најголемата опозициона партија, во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија на Албанците во Република Македонија да седнеме, да разговараме отворено за сите оние отворени прашања кои му претходат на формирањето на новиот состав на ДИК, па дури потоа да дискутираме за формирањето на новиот состав на Комисијата, истакна Мицкоски.