Неколкумина фоторепортери попладнево не успеаја да ги фотографираат лидерите на политичките партии кои пристугнуваа пред Клубот на пратениците за лидерската средба. Припадниците на обезбедувањето не им дозволија тоа да го напарават на самиот влез на објектот како што побараа.

Во знак на протест, фоторепортерите ги спуштија фотоапаратите пред влезот на Клубот на пратениците.

Дел од нив кои се во Клубот на пратениците и го чекаат исходот од лидерската средба, велат дека нивните колеги сакале да ги фотографираат лидерите на влезот на објектот додека изглегуваат од возилата што досега беше вообичаена пракса на вакви средби.  Наведуваат и дека во расправијата со обезбедувањето и претставниците на Владата им било кажано дека од безбедносни причини не смеат да фотографираат оттаму и оти такви наредби добиле од полицијата.

И додека фоторепортерите протестираа против забраната за слободно информирање, група граѓани протестираа против промената на уставното име на Република Македонија. Тие на голем транспарент истакнаа: „Не ве гласавме да менувате име“ на Република Македонија.