При вечерашната презентација на кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, лидерот на партијата Мицкоски презентираше и интересна идеја што би се реализирала кога ќе се случи смена на власта:

-Една од работите за што сакам да зборувам вечерва е институционалната децентрализација. Тоа е една крупна реформа со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид е како што кажав не само на Македонија, Охрид е и на целиот свет, и е културна престолнина, како што кажа Велика – нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото Министерство за култура, тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и Министерството треба да бидат овде во Охрид.

Ова ќе биде сериозна реформа, ова ќе биде реформа која што ја заслужуваат охриѓани во културата, во секоја општина граѓаните ќе добијат децентрализирана државна институција, да развиваме насекаде низ Македонија, секоја педа македонска почва да ја развиеме. Овде и е местото на културата, тука во Охрид и сите управи и сите институции ќе бидат овде пренесени а на крај ќе биде и самото Министерство за култура, институционална децентрализација, кажа Мицкоски.