Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ако СДСМ сака да има компромис за законот за јавното обвинителство, тогаш припадниците на владејачката партија, како што рече, би требало да направат отстапки.
На новинарското прашање во однос на тоа, дали е можно законoт за ЈО воошто да не биде донесен, Мицкоски нагласи оти не верува дека од страна на СДСМ постои искрена желба да се постигне договор.
– Јас не верувам дека постои искрена желба да се постигне договор од страна на СДСМ, особено не сега, неколку месеци пред парламетрани избори, бидејќи тие на овој начин, пред нивните симаптизери, имаат една реторика. Велат, еве ги префрливме предметите од таму, ќе видат сега овие од ВМРО, наши се обвинителите, наши се судиите, ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираше дека СДСМ ги става партиските интереси над државните.
– До денеска македонската јавност не го виде писмото од Катица Јанева. Кој било што се занимава со оваа тема, не го виде нотарот кој го потврди потписот на Јанева, не го виде судијата кој го одобри текстот на тоа писмо. Ние денеска имаме јавен обвинител кој издава согласности за застапување на предмети на лица кои немаат засновано работен однос во Обвинителството. Лица кои немаат засновано работен однос денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Тие лица ја ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ, го имаат замрзноато имотот на партијата, рече Мицкоски.
Запрашан дали ќе предложи измени во изборниот законик во врска со изборните единици, Мицкоски нагласи дека предлага 120 изборни единици, посочувајќи дека оној кој во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во рамите на Парламентот.
Во однос на тоа дали за него е прифатлив предлогот на премиерот Зоран Заев да има една изборна единица, Мицкоски рече дека за него е прифатливо секое решение што ќе го зголеми демократскиот капацитет.
– Прифатливо е секое решение кое ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и што ќе понуди гласот на граѓаните што ги бираат своите претставници да биде посилен и погласен и да биде тој глас што треба да ги застапува интересире на граѓаните кои што ги бираат тие претставници, рече Мицкоски.
Посочи дека за изборниот законик се уште не се одржани никакви состаноци на ниво на меѓупартиски комисии и повторно повика да се одржат предврмени парламентрани избори.