Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани.
– Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево – Охрид да биде завршена некаде најдоцна во првиот квартал в година, што беше заборавено, аj што беше заборавено, беше и уништено – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Кичево.
Сега, додава тој, се разгледува можност, конечно, и за таму да има одговорност зошто работите на патот Кичево – Охрид така се оставиле на забот на времето.
- Исто така, како што чувме и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, напредна фаза е реализацијата и на оваа делница. Веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, приближно триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена – истакна премиерот.
Појасни дека што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотноправните односи целосно се заокружени, така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.
Фото принтскрин




