Здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него, изјави премиерот Христијан Мицкоски по Германско-македонскиот самит во Скопје и најави ново проширување на лековите од позитивната листа.

Според премиерот Мицкоски, Владата прави се за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството.

– Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор, е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него. Ако ние континуирано продолжиме да го исцрпуваме, на начин на кој го исцрпуваме во моментов, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис, тоа е невозможно. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тое е пракса. Во здравството се пишуваат дежурства за 31 работен ден во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски.