„Победивме. Победивме во Скопје, во Охрид, во Битола, во Прилеп, победивме во Кичево, во Штип, во Велес, во Кочани, во Градско, во Демир Капија, во Неготино…!“
Вака ја започна вечерва својата прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој се обрати по Гордана Силјановска Давкова која им се заблагодари на присутните и на граѓаните и која најави дека со денешната победа почнал падот на власта.
Мицкоски поголем дел од своето обраќање го посвети на вториот круг, при пто ги повика сите оние кои бојкотираат и кои се колебаат, да се придружат кон новиот претседател на државата, Гордана Силјановска и заедно да го поразот ова зло кое сега владее со Македонија.