Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и неговите соработници, со информации кои до нас ги доставија членови на ССМ кои се незадоволни од неговиот апашлук, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конеференцијата:

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над двојно и тројно поголеми од една минимална плата.

Дали синдикалецот на батерии на СДС и Левица, Слободан Трендафилов, со 75 илјади денари месечно во џеб ги манипулира работниците за минималец?

Според информациите кои стигнаа до нас, само во текот на 2024 година и првите два месеци од 2025 година Слободан Трендафилов покрај платата од 75.000 денари, имал и примања по други основи, со што вкупната сума која ја земал во овој период е 1 милион и 688 илјади денари по основ на плата и договори.

Ова е првиот синдикалец Трендафилов, кој според овие информации за 4 години прави 100.000 евра, со амин на СДС кои го поставија на таа позиција за да ги манипулира работниците.

И следен пат кога ќе се обиде да ги манипулира работниците треба да знае дека е демаскиран, лично од нив.

Во следните денови ќе бидат демаскирани сите негови соработници.

Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец, рече Петрушевски.