Министерот за здравство Беким Сали синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 рече дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.

Тој смета дека, според стандардот, дури и дека се добри.

– Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш во канцеларија од два квадрата, вели Сали.