Преспанскиот е договор, со кој, гледано од аспект на нас, добивме грдо и ирационално име, рече вечерва митрополитот г. Петар во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

– Како ќе говорите за една држава кога во целиот свет постои една држава со Северна, а да нема друга држава со Западна, Источна? Велиме дека постои Северна Кореја и Јужна Кореја. Таму стои Демократска Народна Република Кореја, а Јужна Кореја е всушност Република Кореја. Нема држави, освен можеби некои провинции во САД, кои се делат на северна или јужна, вели владиката Петар.

Митрополитот додава дека нашето признавање на името беше политичко прашање и тоа се докажа.

-Поради Преспанскиот договор сфатија сите браќа од православието и грчкото јазично подрачје и црквите што ги имаат, дека надминат е проблемот со името на државата и дека ние не посегаме во јурисдицикција надвор од територијата на Македонија. Ние всушност и да сакаме да ја шириме јурисдикцијата не можеме поради тоа што во опкружувањето има цркви кои си имаат своја надлежност, додаде владиката Петар во „Само интервју“.