Регистрирани се 777 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.