Министерството за здравство денеска информираше дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.
Последните анализи, наведуваат од Министерството, покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто.

Најмал процент на вакцинирани граѓани има во Дебар со 17,3 отсто, Тетово со 17,1 отсто и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8 отсто.

Состојбата, како што информираат од министерството, во останатите градови е следна: Ресен 39,8 отсто, Битола 38, 9 отсто, Неготино 38 отсто, Штип 37,2 отсто, Пехчево 36 отсто, Велес 31 отсто, Демир Хисар 30,9 отсто, Берово 30,9 отсто, Скопје 30,8 отсто, Валандово 30,6 отсто, Прилеп 30,3 отсто, Пробиштип 29,7 отсто, Крушево 28,3 отсто, КочаниKoчани 25,3 отсто, Свети Николе 25,2 отсто, Делчево 24,9 отсто, Виница 24,5 отсто, Крива Паланка 23,9 отсто, Радовиш 23,2 отсто, Струга 23,1 отсто, Куманово 21,2 отсто, Струмица 19,4 отсто, Кратово 18,9 отсто, Македонски Брод 18,2 отсто и Гостивар 17,8 отсто.