Нови 46 558 позитивни на корона вирусот се откриени во Британија, објавија тамошните власти, што е веќе стандардна бројка која веќе неколку недели и се случува на Велика Бртианија, каде вчера Владата ги крена сите мерки.

Но, досега Британците имаа релативно низок број на починати – меѓу 10 и 20 на дневно ниво при речиси константна бројка од 50 000 позотивни секој ден, за во денешниот извештај да се презентира бројката од 91 починато лице што покажува дека работите се влошуваат.

Колку за споредба, Индија денеска пријави 36 859 позитивни лица и 144 мртви, но да не заброавиме, земјата има 25 пати повеќе жители од Британија

Дополнителен проблем е што властите практично немаат што да преземат, бидејќи 54,2 отсто од севкупно население се целосно имунизирани. Тоа не е доволно, но кога кон ова ќе се додаде дека досега Британија има регистрирано 5,5 милиони позитивни што се множи со најмалку 4 (80 отсто асимптоматски случаи), тогаш кон 36-те милиони вакцинирани, можат да се додадат уште 20-тина милиони лица кои го прележале вирусот што ја дава бројката од над 55 милиони лица, а Британија има 65 милиони жители.

Се разбира, има луѓе кои го прележале вирусот и покрај тоа се вакцинирале, па овие бројки во одреден степен се поклопуваат (не може да се направи автоматско собирање на вакцинираните и прележаните), во во речиси секоја разумна варијанта, најмалку 70 отсто од населението во Британија би требало веќе да биде имуно на САСР КОВ 2 вирусот.

Згора на тоа, кон оваа брјка треба да се додадат и околу 10 милиони деца до 12 години (секоја година во Британија се раѓаат меѓу 750 000 и 800 000 деца), па во најлош случај се доаѓа до бројката од 80 отсто од населението кое не би требало да има проблеми со корона вирусот. А сепак, дневно има меѓу 40 000 и 50 000 позитивни, тоа трае веќе неколку недели, а сега и близу 100 мртви во еден ден.

Оттука, властите практично немаат што да преземат. Вакцинирањето очигедно на овој степен е намаелно, а посебен проблем е, како што вчера објавивме на страниците на Денешен.мк, изјавата на главниот советник за наука на британската Влада, кој истакна дека 60 отсто од ново примените во болниците се лица кои примиле две дози од вакцината.

Во Британија се даваат АстраЗенека, Фајзер и Модерна, а тоа се вакцини кои имаа најдобри резлтати во поглед на ефектите и заштитата (спорот за овие вакцини е во поглед на краткорочните и долгорочните странични ефекти, ане во ефикасноста – или барем досега беше така).

Сега се покажува дека тоа не е така и Борис Џонсон и неговата Влада имаат проблем, па последната опција очиглендо им е дека треба да се кренат сите рампи и дека треба да се остави вирусуот да помине, при релативно ниска смртност.

Ситуацијата со недели е драматична и во Русија, каде секојдневно има околу 25 000 позитивни, но со мошне висока смртност од околу 750 лица на дневно ниво. па Русија веќе ја надмина бројката од 1 000 мртви на милион жители (Британија е на ниво од околу 1 800 мртви на милион жители).

За разлика од Британија, Русија има целосно вакцинирано само околу 14 отсто од населението, главно во поголемите градови како Москва и Ст. Петерсбург, но истовремено, властите не се претерано агилни во овој поглед. Нејасно е зошто Русите не сакаат да се вакцинираат, иако имаат вакцина од домашно производство, па би требало да и веруваат. Зачудува меѓутоа не многу големата загриженост на властите околу тоа дека луѓето не сакаат да се вакцинираат, иако руската вакцина беше промовирана како мошне ефикасна, а во исто време и една од најбезедните, за разлика од АстраЗенека, која е правена по ист метод како и руската, само што различен е аденовирусот, односно носачот.

Во секој случај, настаните во овие две земји се своевидна мистерија и дополнително ја поттикнуваат недовербата кон официјалните изјави во врска со коронавирусот ширум светот, иако од овие податои е едно нешто барем јасно – вакцината не спречува зараза, но драстично ја намалува смртноста.

Како и да е, токму овие нстани можеби го натераа неодамна директорот на Институтот за имунологија Петличковски, во изјава која ја пренесовме и во Денешен.мк, дека групен имунитет нема да биде постигнат, мислејќи на нашата земја.

Имено, според сите светски експерти, тоа подразбира прекин на сиџирот на пренос на вирусот, а штом тоа не се постигнува и со вакцинацијата која, сега е јасно, не спречува повторно заразување и трансмисија на вирусот, групен имунитет – нема!

Инаку според последните извештаи, Шпанија за 24 часа има над 27 000 позитивни, значи повеќе од Русија, но само 29 починати, Шпанија има имунизирано меѓу 40 и 50 отсто од населението, со 4,5 милиони откриени позитивни (со асимптоматските случаи тоа е околу 20 милиони), плус децата до 12 години – практично тоа е земја кој би требало да ги има надминато бројките за групен имунитет. А, сепак…!

Драматично се чини е и во Холандија, која денеска има околу 6 700 позитивни, а вчера и деновите пред тоа имаше по 10-тина позитивни. Но, таму засега малку кој се грижи околу ова бидејќи бројот на мртви на дневно ниво е исклучително низок.