Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ државата е пријавено дека се лекуваат вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти, во болницата во Штип 37 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово 20 пациенти, во Велес 35 болни, а во Куманово 43 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство информираат дека во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.