На денешен ден, 11 септември 1905 година на битолскиот Ат-пазар Османлиите го обесија Александар Турунџиев – македонски легендарен војвода.
Турците го фатија со помош на предавници и го осудија на смрт.
Меѓу најзначајните негови вооружени акции е нападот на железничката станица во Врбени, Леринско, заедно со здружениот одред од 200 востаници на Ѓорѓи Поп Христов и Михаил Чаков.
Роден е во селото Врбени, во 1872 година.
На денешен ден во 1903 година на планината Плавица, Кратовско, здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата водеа еднодневна борба против турската војска.
Здружените чети имаа тројца загинати и еден ранет борец.
На 11 септември 1943 година на патот Кичево – Охрид, НОП баталјон „Мирче Ацев“ урна три моста и исече 130 столбови, а во селото Сливово, Охридско, ја запали жандармериската станица.
Следниот ден баталјонот влезе во Кичево.
На денешен ден 1944 година Струмичкиот партизански одред ја ослободи Струмица и околните села, а исто така на овој ден е ослободен и Ресен.
На 11 септември 2000 година на привремената караула Кодра Фура, на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари.