Три настани од македонската историја што се случиле на денешен се смртта на цар Самул, загинувањето на народниот херој на Македонија Јосиф Јосифовски – Свештарот, и крвавата одмазда на фашистите во Неготинско, каде биле стрелани 60 невини луѓе.
На денешен ден во 1014 година во Преспа умрел царот Самуил.
Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на царот Самуил била целосно поразена. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите.
Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.
Во битка со балистичките банди загина народниот херој Свештарот
Во 1943 година кај кичевското село Кленоец, во борба против балистичките банди и германските сили, загинал Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија.
Во оваа борба загинале и повеќе од 70 партизани. Роден бил во Гевгелија, на 2 август 1914 година. Истиот ден балистите запалиле повеќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови биле ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
Фашистите стрелаа 60 невини луѓе во Неготинско
1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегле германските фашисти и почнале да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден кренала во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелале 21 невино лице и својот крвав поход го завршиле во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелале 39 луѓе.