Телескоп на НАСА откри егзопланета што е приближно голема колку Сатурн и е оддалечена повеќе од 28 милиони светлосни години од Земјата. Откритието, велат научниците, е вистински пробив во потрагата по далечни планети.
Новооткриената планета се наоѓа во галаксијата М51-УЛС-1б, наречена и „Водовртеж“. Планетата е откриена лани во септември, од вселенската опсерваторија „Чандра“, со телескоп на НАСА поставен на 86.000 милји над Земјата. Сега откритието е потврдено како прва егзопланета надвор од нашата галаксија Млечен Пат.
Егзопланета е вселенско тело, научно докажано, дефинирано и потврдено како планета што се наоѓа во нашиот Сончев Систем.
– Се обидуваме да почнеме сосем нов начин на пронаоѓање други светови со барање нови планети преку брановата должина на икс-зраците – што ни овозможува нивно лоцирање во други галаксии, објасни Розејн ди Стефано од Центарот за астрофизика, одговорна за објавена во „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy).
Опсерваторијата детектира рендген-зрачења од многу области на Вселената. Резултатите се засноваат на трагите што ги оставаат планетите при движењето.