Човештвото со векови сонува за запирање на процесот на стареење, и колку повеќе науката напредува, толку повеќе има надеж дека сонот ќе стане реалност.

Кој не сака да изгледа младо засекогаш? Брчките се нешто што, како старее човекот, кај секој помалку или повеќе се развиваат. Тоа е случува поради сончева светлина, која континуирано ја деградира конзистентноста и еластичноста на нашата кожа, но и процесот на биолошкото стареење поради падот на митохондријалната функција во клетките.

Митохондриите се клучни клеточни структури кои произведуваат аденозин трифосфат (АТП), „гориво” што ја одржува здравата клеточна функција. Кога митохондриите повеќе не можат да функционираат правилно или да произведат потребната количина на АТП, тоа може да има штетни последици. Покрај брчки и губење на косата, митохондријалната дисфункција може да придонесе за развој на многу хронични заболувања.

Во една неодамнешна студија на Кешав Сингх од Универзитетот Алабама во Бирмингем, тој и неговите колеги експериментираат со начините за промена на ДНК мутацијата, која доведува до митохондријални нарушувања.

Во списанието „Кел дет анд дисист“, научниците објавија дека со глувче-  модел имаат успех во враќање на митохондријална функција, поради што кај глувците исчезнале брчките и пораснале влакна, кои поради стареењето паднале.

„Според наше сознание, ова е единствено истражување”, вели Сингх.

Мутацијата, која ги активира знаците на стареење, покрената е во глувци од антибиотик доксициклин, и успешно е забележано кои делови на клетките ги зафатила мутацијата. За среќа, научниците откриле дека можат да ги сменат овие промени кај глувците со исклучување на генетската мутација, која прво ја предизвикале. Во рок од еден месец по прекинувањето на администрирање на  доксициклин, митохондријалната ДНК почнала да се опоравува, а глувците повторно ги добиле влакната во оригинална боја, а брчките речиси исчезнале.

„Ова укажува дека функција на митохондриите може да биде реверзибилен фактор поврзан со стареењето на кожата и косата”, вели Сингх, додавајќи дека тоа е „изненадувачко” откритие.

„Спроведеното истражување на глувци треба да даде единствена можност за развој на превентивни и терапевтски стратегија за развој на лекови за зголемување на функцијата на митохондриите за лекување на патолошки состојби на кожата и на косата и други човечки болести поврзани со стареењето во која митохондријална дисфункција игра важна улога”, рече Сингх.

Истражувачите се надеваат дека понатамошните истражувања ќе помогнат да се разјасни дали слични процедури во иднина може да се користат за да се сменат симптомите на стареење кај другите видови ткива.