Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар изјави дека би сакал да го собори рекордот на Пеле по број на постигнати голови за бразилската репрезентација.

– За мене би било голема чест да станам најдобар стрелец во националниот тим. Не би било искрено да се каже дека не мислам така. Секако, ова е моја лична цел што се надевам дека ќе ја постигнам. Можам да го надминам рекордот на Пеле, тој е идол за сите во Бразил, изјави Нејмар за „Марка“.

Пеле за бразилската репрезентација одигра 92 натпревари на кои постигна 77 голови. Нејмар има 116 натпревари и 70 голови.

Претходно Нејмар изјави дека по завршувањето на кариерата би можел да се занимава со е-спорт.