Кина на почетокот на ноември извела големи, ненајавени поморски воени вежби во западниот дел на Тихиот Океан и во близина на кинескиот регион Тајван, распоредувајќи повеќе од сто бродови и пловила на крајбрежната стража.
Во рамки на вежбите биле симулирани напади врз воени сили и градови, вклучително и врз цели во кинескиот регион Тајван.
Во вежбите учествувале поморски сили од источната, северната и јужната оперативна команда на Кина. Обемот на ангажираните поморски сили бил поголем од оној за време на големата армиска вежба „Мисија правда 2025“ од декември минатата година.
Последните воени вежби се дел од кампања на „тивко заплашување“, пренесуваат агенциите изјави на неименувани претставници на Тајпеј.




