Коронавирусот самиот ќе се уништи, изјави контроверзниот францускиот нобеловец Лук Монтањ, кој неодамна го шокираше светот со изјавата дека вирусот потекнува од лабораторија и дека честичките ХИВ му се додадени.

-Природата ги враќа работите во свои раце! Моите колеги и јас во моментов истражуваме многу зачудувачки феномен во САД каде има милиони заразени луѓе и каде вирусот многу брзо се менува, особено делот за кој верувам дека е додаден од луѓето. Тој дел прави многу мутации и е во процес на исчезнување. Практично значи дека овој вирус ќе се самоуништи, рече Монтањ во интервјуто за „Новости“.

Францускиот нобеловец вели дека условот за вирсусот да исчезне е „широко да се распространи меѓу населението, со што ќе мутира и ќе се менува“.

-Знам дека звучи парадоксално, но треба прво епидемијата да добие на размер, за потоа да исчезне, вели Монтањ, кој ја доби Нобеловата награда за пронаоѓање на ХИВ вирусот.

Тој вели дека се надева дека ќе живееме нормално ова лето и смета дека тоа е можно.

-Во секој случај, не можеме да бидеме економски затворени толку долго. Постојат многу празници во мај во Франција, ние сме навикнати да одмориме повеќе овој месец, но не треба се ова да трае подолго од мај. Вирусот дојде брзо, а можно е исто така брзо да се замине, вели Монтање.

Монтање уште претходно тврдеше дека „честичките на вирусот ХИВ се додадени во Ковид-19“.

-Вирусот не е од природно потекло, тоа е дело на молекуларни биолози. Не е познато за која цел е направено ова. Мојата работа е утврдување на фактите, јас не обвинувам никого и не знам кој го стори тоа или зошто. Може да биде дека тие сакаа да произведат вакцина против ХИВ“, изјавил добитникот на Нобеловата награда.