Вчера во Македонија пристигнаа 9.360 вакцини на „Фајзер“, информира Министерството за здравство.

– Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19. Според договорт, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), појаснуваат од Здравство.

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан , што ја координира Австрија, во Македонија во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини.

Вчерашната пратка е втора по ред. Европската унија за Македонија обезбедува вкупно 119.213 вакцини.