САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, соопштија американски официјални лица кои сакале да останат анонимни.
Тие не открија за кои цели станува збор или колку ракети биле лансирани, но американската војска подоцна соопшти дека биле елиминирани 14 ракети на Хутите кои биле подготвени за лансирање.
Јеменската новинска агенција Саба јави дека американски и британски авиони гаѓале области на регионите Ходеида, Таиз, Дамар, Ал Баџда и Саада.
Нападите на Хутите, кои се сојузници на Иран, го забавија поморскиот сообраќај меѓу Азија и Европа од ноември. Движењето почна напади врз трговски бродови во знак на протест против израелската офанзива во Појасот Газа.
Американската војска претходно вчера соопшти дека дрон лансиран од територијата контролирана од Хути погоди брод во американска сопственост во Аденскиот Залив. Нема повредени, а евидентирана е мала материјална штета.