Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели.

Тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните училишта не е задолжително да носат маски.

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.