Градежните работници на Маврово „седнаа“ на празните столчиња, попрскани со крв, кои вчера беа поставени во Слупчане, каде лидерот на ДУИ Али Ахмети и министрите од оваа партија го отворија споменикот на УЧК во ова липковското село.

Празните окрвавени столчиња на Ахмети вчера беа поставени да ја симболизираат крвта на загинатите војници на ОНА (УЧК).

На оваа визуелизација од ДУИ на војната од 2001 година одговори со визуелзиација карикатуристот Седо Перо, кој објави анимација на која освен Ахмети на крвавите столчиња се појавија и мавровските работници кои во 2001 година беа киднапирани и малтретирани од „борците за човекови права на УЧК и Ахмети“ кои врз грбовите од работниците со нож им ја врежаа буквата „М“ за Македонија.

Ахмети и УЧК се сеќаваат само на жртвите на ОНА, но „другата страна“ не ги заборава воените злосторства сторени од УЧК кои не застаруваат. А случајот „тетовирање со нож по грбот“ е само еден од четирите за кои раководството на ОНА доби амнестија.