Кон крајот на август 1944, руските тенкови ќе пристигнат на границите на тогашна фашистичка Бугарија, која била сојузник на Хитлер, а тогашната бугарската фашистичка власт веднаш прогласила воена неутралност, а во септември истата година бугарските фашисти се прогласиле за антифашисти, пишува ОМО Илинден Пирин по повод денешниот Ден на ослободувањето на Скопје.
Во продолжение целата објава на ОМО Илинден Пирин:
КАКО БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ СЕ ОБИДОА ОД ОКУПАТОРИ ДА СЕ ПРЕТСТАВАТ КАКО ОСЛОБОДИТЕЛИ НА СКОПЈЕ!
На денешен ден 13.11.1944, Скопје е ослободено од фашистичката окупаторска чизма.
Секој Македонец добро знае дека бугарските фашисти се тие кои вршеа најгнасни злосторства и ѕверства во Скопје и низ цела Македонија во Втората светска војна.
Неколку месеци порано, на 26 август 1944, руските тенкови ќе пристигнат на границите на фашистичка Бугарија, која била сојузник на Хитлер.
Бугарската фашистичка власт потонала во паника и страв и веднаш прогласила воена неутралност, а две недели подоцна во Септември 1944, бугарските фашисти се прогласиле за антифашисти и дури ќе и објават војна на Германија!
Ова е уште една потврда за бугарската политика која е позната и под името „На каде дувне ветерот“!
Подлата бугарска власт дури ќе ја испрати повторно бугарската војска во Македонија за да се прикажат како наводни ослободители, дури и ќе се обидат да парадираат низ Скопје, за да лажат подоцна дека тие го ослободиле Скопје и Македонија!
Во споделениот текст македонскиот партизан Боро Чушкар раскажува како бил спречен подлиот обид на Бугарите да се претстават како ослободители на Скопје.
Подлоста на Бугарите била спречена и единствено македонската војска парадирала низ Скопје по ослободувањето (македонски партизани на фотографиите).
(Подготвил: Д. Г.)