Вооружен маж денеска грабнал возило за Брза помош во норвешката престолнина Осло и со него влетал во група луѓе, јави ТАСС, повикувајќи се на медиумските извештаи, темелени на информации од полицијата.
Во инцидентот има неколку настрадани лица. Нивниот точен број како и нивната здравствена состојба засега остануваат нејасни.
Според извештаите, полицијата веќе го привела напаѓачот.
Други детали за инцидентот засега не се соопштуваат.
Најнова вест: Се трага и по осомничена жена за инцидентот со украденото амбулантно возило
Норвешката полиција соопшти дека има и втор осомничен кој е на слобода, а бил во тесна врска со крадецот на амбулантното возило во главниот град Осло, со кое, како што претходно информира, беа прегазени неколку лица, јави ДПА.
-Уапсивме маж и трагаме по една жена, изјави портпаролот на полицијата за јавниот радиодифузер НРК.
„Жена, со бебе во количка, е пренесена во болница“, соопшти полицијата на Осло на ТвитерИнцидентот се случи во делот од Осло познат како Торшов, пренесе ДПА.