Возилата кои не се за итни случаи не треба да се движат по патиштата во кинеската провинција Хубеи, жариштето на епидемијата на Ковид-19, стои во указот што денеска го објави Владата на Кина.

Единствени исклучоци ќе бидат амбулантните возила и возилата кои превезуваат неопходни работи.

Сите приватни патувања со автомобил ќе бидат забранети во провинцијата со околу 60 милиони луѓе, која веќе со недели е затворена во карантин во обид да се контролира ширењето на вирусот