НЕЕДИНСТВОТО, ЗАВИДЛИВОСТА, ОЗБОРУВАЊЕТО, НЕЗРЕЛОСТА, СУЕТАТА, СЕБЕПРОМОВИРАЊЕТО….
рак рани кои треба да се лечат во македонското патриотско тело?

Телото на македонскиот народ боледува од многу болести кои се причина за многу наши сенародни несреќи, промашувања и трагедии!
Да, никој не го спори фактот дека за многу наши несреќи, промашувања и трагедии е виновен и надворешниот фактор, но тој зима сила врз на нас кога ние сме слаби, кога македонскиот морален имунитет е скоро бессилен, кога немаме идеа, визија, мудрост, стратегија!

Според мене, но и според многумина сериозни и објективни дијагностичари на нашите болести – НАЈБОЛНАТА болест во македонското тело е НЕЕДИНСТВОТО!

Баш НЕЕДИНСТВОТО оневозможувало остварување на многу градивни идеи и лични и колективни жртви за доброто на Македонија и нејзиниот народ!
Баш НЕЕДИНСТВОТО е директната причина за моменталната крајна неповолна состојба во која се наоѓа Македонија и македонскиот народ!
Баш НЕЕДИНСТВОТО не доведе до тоа да мораме да се бориме за она најосновното, за името, идентитетот, државата, опстојувањето!

Македонци и Македонки, ако НЕЕДИНСТВОТО го дијагностициравме како наша најопасна болест – тогаш како да ја победиме, како да го заздравиме македонското тело?

Овој процес не е лесен, но не е и неостварлив!

Ако сакаме да градиме и одржуваме ЕДИНСТВО, особено со оние со кои ЗАЕДНО треба да се бориме за да БИДЕМЕ и ОПСТОИМЕ,тогаш потребно е да се научат и практикуваат следните нешта:

1. никогаш не смееме да ја наметнуваме својата воља на другиот, односно, не смееме да му наметнуваме наше мислење, став, идеа…

2. никогаш не смееме во процесот на изградба на ЕДИНСТВОТО да влеземе со свои егоистични, острастени, душевно-ментално нездрави, кариеристични, материјални и други проблематични цели и намери. . .

3. никогаш не смееме другите, останатите да ги доживуваме како „материјал“ за остварување на свои егоистични и себични цели, а особено е НЕПРИФАТЛИВО другите низ процес на манипулација/ измама/ неискреност/ лажни информации да ги наведеме да ни слугуваат на нашите лични цели кои подмолно ги објавуваме како заеднички и општополезни. . .

4. секогаш треба да се практикува силата на ВЗАЕМНАТА ПОЧИТ, ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ, РАЗГОВОР, СПОДЕЛУВАЊЕ, ПРОВЕРУВАЊЕ!

На овој начин се доаѓа до ОБЕДИНУВАЧКА ЕНЕРГИЈА – до СИЛАТА на ЕДИНСТВОТО, на ЕДНОТО кое станало такво низ процесото на прифаќање и почитување на другиот и другото, на ОПШТОПОЛЕЗНОТО. . .

5. секогаш над личното треба да биде заедничкото – зашто преку заштита на ЗАЕДНИЧКОТО се брани ЛИЧНОТО, се брани домот, семејството, животот, идентитетот, верата, јазикот!
Се подразбира и дека ЗАЕДНИЧКОТО не смее да го насилствува ЛИЧНОТО!
Заедничкото е навистина силно ако ЛИЧНОТО – свесно, слободно, љубовно мотивирано и почитувано – се вклучи во ЗАЕДНИЧКОТО!

6. секогаш, сите ЗАЕДНО треба да ги дефинирааме, објасниме и РАЗБЕРЕМЕ вистините/ вистината, вредностите, целите, задачите, визијата и мисијата што треба ЗАЕДНО во ЕДИНСТВО да ги практикуваме, живееме и сведочиме. . .

7. секогаш, сите ЕДИНСТВЕНИ треба да разбереме дека колку подобри/ поморални/ помудри/ пообразовани ќе бидеме – толку ПОДОБРА, ПОНАПРЕДНА, ПОЧОВЕЧНА и ПОУБАВА ќе ни биде заедничката татковина – Македонија!

ЕДИНСТВОТО е СИЛА! ЕДИНСТВОТО е ЖИВОТ!
ЕДИНСТВОТО води кон ПОДОБРО, кон НАПРЕДОК,
а НЕЕДИНСТВОТО води кон егоистична завидлива деструктивна студена темнина која води до исчезнување, омраза, несреќа, смрт, сатаносличност!

Светите Христови ученици, Кирил и Методи, со петмина свои ученици, светите Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангалариј ја сменија македонската, регионалната и европската духовна слика! Мал, но свет, Богољубив, единствен, човекољубив, визионерски и Богоблагословен тим! Добар пример како треба да се организираме и во ова време! Мали тимови со силно изградено единство, морал, почит и визија, тимови кои ќе бидат магнети кои ќе го магнетизираат и обединуваат македонскиот народ за подобра, подостоинствена, просперитетна, ЧОВЕКОЉУБИВА И БОГОЉУБИВА МАКЕДОНИЈА!

Ваш слуга, брат и соборец
презвитер Ивица Тодоров