На социјалната мрежа твитер се појави твит кој што објаснува дека авионите кои прскаат против комарци не се слушале затоа што едноставно биле двојно помалку.

Па така наместо 4 авиони за 2 часа да фрлат по 1500 литра средство или вкупно 6000 литра, како што било пракса низ годините. Новата фирма ова го правела со 2 авиона кои имале капацитет од само 600 литра и за тоа морале да се враќаат неколку пати и сето тоа да го завршат за 2 часа. Затоа што времето е кратко тие морале да летаат повисоко и побрзо а со тоа ефектот на препаратот изостанувал затоа што и воопшто не доаѓал до површината или доаѓал ама не во ефективна разреденост. Знаеме дека имаше натегање околу тендерот за терестријално прскање против комарци па не сме сигурни дали новата фирма има капацитет да го извршува ова или има превид во врска со самиот тендер, тоа се прашања на кои треба да одговорат надлежните служби и Градоначалникот Петре Шилегов.