Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан.

„Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан.

Либанската влада падна за помалку од една недела по огромната експлозија во Бејрут. Во експлозијата загинаа повеќе од 200 луѓе. Експлозијата беше причина и за неколкудневните насилни протести. Тројца министри веќе поднесоа оставки, како и седум члена на парламентот.

Либан веќе страдаше од најголемата економска криза во децении, со зголемување на бројот на заразени со коронавирус.Експлозијата во вторникот беше последната капка којашто ја прели чашата за многумина жители на Бејрут.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абоуд изјави дека во експлозијата во главниот град на Либан загинале 220 лица, додека уште 110 се водат како исчезнати.