Еден маж денеска со нож се заканувал на полицајци во Париз, по што бил ликвидиран, јави Франс24.

Припадник на обезбедувањето ја информирал полицијата дека во деловниот кварт Дефанс има маж, вооружен со нож.

Кога тричлената полициска патрола излегла на местото на настанот, вооружениот маж потрчал кон нив со ножот, извикувајќи: Ќе ве убијам!

Полицајците испукале седум куршуми, од кои два го погодиле во градите и бедрото. Напаѓачот кај себе нема документи за идентификација.

Властите им порачаа на граѓаните да ја избегнуваат таа област.