С. Македонија е единствена држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи, изјави Стево Пендаровски.
– Потпишувајќи ги Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Преспанската спогодба со Грција, ние се ослободиме од товарот на минатото. С. Македонија е единствена држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи. Истовремено, отворивме и нова можност за соработка и градење стратешки партнерства со нашите соседи, напиша Пендаровски на својот профил на Фејсбук.
Тој во праката се заблагодарува до ИФИМЕС „за поканата да се обратам пред овој престижен меѓународен институт, тука, во пријателска Словенија“:
– Денеска сум меѓу луѓе кои се залагаат за европска иднина на Западниот Балкан, и кои со големо внимание го следат развојот на настаните во С. Македонија. Со интензивен дипломатски ангажман за многу кратко време успеавме да решиме децениски прашања. Ова не беше лесен процес бидејќи моравме да донесеме тешки одлуки за многу чувствителни прашања за моите сограѓани. Главната состојка беше политичката волја, напиша Пендаровски.