Јас сум покажал дека сум Македонец, со корени од дедо и прадедо, а во Македонија две групи луѓе кои имаат потреба од утро до вечер да повторуваат „ние сме Македонци“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Тој, покрај другото, зборуваше и на оваа тема во интервјуто за ТВ Сител.

– Постојат две групи луѓе во Македонија кои имаат потреба од утро до вечер да повторуваат: Ние сме Македонци, кои зборуваат на македонски јазик итн. Едните се оние кои сакаат да зарабтат лесни политички поени со популизам или на национализмот, кој, за жал, повторно е актуелен во Македонија. Другиот дел се оние кои имаат лабаво национално самосознание и навистина им треба постојано да повторуваат дека се Македонци, со македонски јазик, па некои од нив тетовираат и на чело дека се Македонци за да се чувствуваат навистина дека се Македонци! Јас не само што не еднаш сум покажал дека сум Македонец, со корени од дедо и прадедо, туку и никогаш не сум имал потреба со кој било соговорник дома или во странство да кажувам: Знаете што, јас сум Македонец, само и од вас барам потврда да ми кажете дека навистина сум Македонец, рече Пендаровски.

Тој на овој начин ја објаснуваше неговата формулација „народот којшто живее таму“ во одговор на новинарка во Полска за време на неговата посета пред неколку дена, кога ја употреби таа формулација наместо да го именува народот како македонски или Македонци.