Претседателот Стево Пендаровски се пожали дека не бил поканет на отворањето на македонскиот клув Никола Вапцаров во Благоевград и поради тоа нема да оди, а откако доби покана, пак нема да оди, туку ќе испрати претставник од својот Кабинет, објавија денеска Македонците од Пиринска Македонија.

– Македонскиот претседател го испраќа својот претставник на отворањето на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров на 30 октомври во Благоевград. Пендаровски го испраќа својот генерален секретар Миле Бошњаковски на отворањето на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров на 30 октомври во главниот град на Пиринска Македонија – Благоевград. Браво и добредојде! Жално е што македонската влада не го следи примерот на претседателот на Македонија и наместо тоа преку шефот на дипломатијата го критикува клубот. Срамота!- објавија Македонците од ОМО Илинден Пирин.