Пензионерите од Штип не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.
Соња Арсова, претседателка на Иницијативниот одбор на пензионери, кои протестираат во Штип на денешниот протест на Градскиот плоштад „Слобода“ истакна дека се подготвуваат антикризни мерки за пензионерите, но како што вели, антикризните мерки нема да им помогнат на оние кои земаат пензија од над 12.000 денари.
-Овие антикризни мерки се до април 2024 година, а после што, следуваат избори. Сметаат ли дека ова е предизборен трик. Дали овие пари ќе бидат доволни за пензионерите? Другар, Битиќи ние ниту сме излапени, ниту сме сенилни, не посегнувајте по пензионерите, кои се најголемата гласачка машинерија, 336.000 пензионери ќе си го стават прстот на главата и ќе размислат дали ќе гласаат за вас, вели Арсова.
Таа информира дека утре во Тетово ќе се состанат раководствата на Иницијативните одбори на пензионерите и ќе одлучат, кои чекори понатаму ќе ги преземат, односно на кој начин ќе ги радикализираат протестите.
Фото: МИА