Голем број луѓе во текот на летните горештини разладување ќе побараат во газираните пијалоци иако знаат дека тоа не е баш најздрава опција.

Еве кои пет нешта ќе ви се случат, ако престанете тоа да го правите, односно ако ги исфрлите од употреба газираните пијалоци:

1.ЌЕ ОСЛАБЕТЕ

Причината веројатно веќе ја знаете: газираните пијалоци се преполни со шеќер и  разни засладувачи. Ако ги исфрлите газираните пијалоци, а го зголемите внесувањето на овошје, во комбинација со помалку калории од другите јадења, бргу ќе ослабете.

2.ЗАБЕЛЕЖЛИВО ПОДОБРУВАЊЕ НА КОЖАТА

Откажувањето од газирани пијалоци ќе има поголем позитивен ефект врз вашата кожа. Посебно доколку имате акни.

3.ЗАБИТЕ ЌЕ ВИ БИДАТ ПОБЕЛИ

Една од промените ќе ја видите и почувствувате и кај вашите заби. Низа студии покажале дека газираните пијалоци имаат неповратен негативен ефект врз забите. Нормално, без газирани пијалоци, забите ќе ви бидат поздрави и побели.

4.ПОМАЛКУ ЌЕ САКАТЕ ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Газираните пијалоци создаваат зависност. Колку повеќе пиете, толку повеќе желба имате за нив.

5.АЛТЕРНАТИВА ЗА ГАЗИРАНИОТ ПИЈАЛОК

Желбата за газирани пијалоци нема да исчезне туку-така. Но, ако се потрудите можете да најдете замена. На пример, во газирана вода можете да додаете неколку капки (или повеќе од тоа) од некое овошје. Пробајте