Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, ќе се врати на клупата на италијанскиот шампион по паузата за репрезентативните настапи, информира „Газета дело спорт“.

Шеесет годишниот фудбалски стручњак вчера го водеше последниот дел од тренингот на „бјанко-нерите“.

Сари поради пневмонија не беше во можност да му помогне на тимот на почетокот на сезоната со Парма и Наполи, на кои Јувентус постигна шест бода.

Следниот натпревар Јувентус ќе го игра на 14 септември во Фиренца со Фиорентина во 3. коло од Серија А.