Најмалку 21 загина, и над 1.030 повредени е досегашниот биланс од вчерашниот земјотрес со јачина од 6,8 степени во источна Турција.

Најмалку 17 жртви има во округот Елазиг и четворица во соседната округот Малатија, се вели во соопштение од властите. Тие нагласуваат дека по првиот земјотрес регистрирани се 228 дополнителни, од кои најсилните се 5,4 и 5,1 степен по Рихтеровата скала.

Најмалку осум лица, меѓу кои и две деца, се спасени од урнатини во Елазаг, јави Си-Ен-Ен Турк.

Најмалку пет згради во градот Сивирџе (близу до епицентарот) се урнати и 25 во Малатија.

Стотици објекти се оштетени или небезбедни, изјави министерот за животна средина и урбан развој Мурат Курум.

Според Службата за помош во катастрофи и кризи, 28 спасувачки екипи работат деноноќно. Повеќе од 1.300 луѓе од 39 окрузи во Турција се испратени таму за да помогнат.