Се известуваат жителите на Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица дека на 14 март 2020 година беше одржан состанок помеѓу месните заедници на овие села и претставници на ОВР Струга, ПС Струга, ПО Велешта ПС за ГН Лабуништа, во врска со преземање на мерки за заштита од коронавирусот.

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките од Владата за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високо ризичните земји каде се поголем замав зема ширенето на вирисот КОВИД 19 на одржаниот состанок се донесоа следните заклучоци:

Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во селата Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица.

При доплнителни проверки доколку се констатира дека се легитмириани лица кои дошле од високоризичните земји каде се шири коронавирусот и не се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови односно се затекнати како се движат низ овие села, наведените лица може да одговараат кривично по член 205 и 206 од Кривичниот закон, односно може да се соочат со затворска казна до една година.

Доколку полициските службеници имаат сознанија за лица кои дошле од високо ризичните земји и не ги почитуваат препораките за самоизолација во сопствените домови ќе се вршат проверки дали тие се наоѓаат во сопствените домови и ја почитуваат одлуката на Владата за самоизолација на наведените лица.

Сите преземени мерки се со цел да ја зачуваме нашата средина од ширење на вирусот КОВИД 19 и бараме да наидеме на разбирање од месното население, се наведува соопштението од месните заедници на петте села..